Смени
Табот Смени ги прикажува Вашите претстојни смени. Ги планира сопственикот или Вашиот менаџер; овде го гледате резултатот. Ако Вашата компанија има вклучено барања за замена на смена, промени барате и од овој таб.
Преглед на Вашите смени
Списокот ги прикажува следните 5 дена, групирани по денови: Денес, Утре, потоа денот од седмицата и датумот. Секоја смена го покажува времето на почеток и крај и локацијата; смена што започнала е означена со Активно. За да погледнете подалеку, допрете Филтрирај по датум, изберете го првиот и последниот ден и допрете Примени филтер. Апликацијата го паметi опсегот додека не го избришете.
Флексибилни смени
Смена означена со Флексибилна смена е отворена за сите работници на локацијата: однапред не е доделена на никого. Ако дојдете, се пријавувате со скенирање на кодот на таблетот како и обично, и смената за тој ден станува Ваша.
Барања за замена на смена
Ако Вашата компанија ги има вклучено, картичката Барања за замена на смена на врвот од табот ги отвора Вашите барања. Допрете Ново барање, изберете ја смената и Вид на барање:
- Прескокни: барате да не ја работите смената.
- Замени: смената преминува на колега. Избирате меѓу работниците од таа локација што се слободни во тоа време.
- Промени време: барате друго време на почеток и крај.
По желба додадете причина и допрете Испрати барање. Сопственикот или менаџерот на таа локација го одобрува или одбива, а смената се менува дури откако ќе биде одобрено. Во Вашиот список секое барање е прикажано како На чекање, Одобрено, Одбиено или Откажано, со причина ако е одбиено, а барање можете да откажете додека е на чекање. Барањата ги обработуваат одобрувачите во Барања за смени (сопственик) и Управувај: Барања за смени (менаџери).
